Ноќеска (29.03.2023) околу 02.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот тетовец И.М..
Тој се сомничи дека претходно извршил кражба од товарно моторно возило „ман“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано во тетовско Пршовце.
И.М. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.