Кавадарчанец бил лишен од слобода, на интернет се заканувал на градоначалникот и неговата фамилија. Градоначалникот Митко Јанчев денеска потврди дека тој и неговата фамилија биле мета на закани.
– Рано утрово во 00.05 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.М.(29) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека подолг временски период се заканувал на М.Ј.(43) од Кавадарци на социјални мрежи. С.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија денеска од СВР Велес.