Приведен инспиратор за масакрот во училиштето?!

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Масакрот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ кој покоси девет животи ја шокираше Србија, а има  сомнежи дека 13-годишното момче кое го изврши било инспирирано од видео во кое повикува на вооружена пресметка со хејтерите за да се дивее крваво, објави српски Курир.

Курир дошол во посед на видео со застрашувачки пораки, а младиот човек кој го снимил бил приведен, што за Курир го потврдил извор близок до државните институции.

Видеото објаснува како да се справите со „оние кои не ве сакаат“. Авторот, меѓу другото, вели дека „денешно време има многу хејтери, а некои ви се и пријатели“, а потоа прикажува вистински арсенал оружје и подготовки за масовно пукање.

– Немав друг избор денеска, освен да дојдам во градот и да се ослободам од лицето кое ми се закануваше по животот. Цела рамка куршуми, ми треба само еден. Нема друга опција, тој или јас. Ова е само почеток – вели тој, а потоа пука.

Авторот на филмот има речиси милион следбеници на Тик-ток, од кој видеото во меѓувреме е симнато, а Курир тврди дека има докази дека 13-годишното момче што е осомничено за масакрот во училиштето било едно од нив и се сомнева дека филмот го инспирирал да го изврши злосторството.

Share This Article