Вчера во 16.40 часот на градскиот плоштад во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ш.З.(52) од Тетово, кај кого на импровизирана тезга биле пронајдени и одземени околу 100 пиротехнички средства, инфорамираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Тој е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок“, се вели во соопштението.