На 21.07.2023 од 01.00 до 02.30 часот на паркинг простор зад угостителски објект во тетовско Жеровјане, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот А.Х. од Дебар, затоа што кај него биле пронајдени и одземени 42 пакувања кокаин.
Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.