More

    Приватните превозници се договорија со ЈСП, ќе возат редовно на сите линии

    spot_img

    Приватните превозници постигнале договор со ЈСП и повторно ќе возат, откако денеска им биле префрлени 80 проценти од долгот или 40 милиони денари за пакет 1. Според Оливер Петрушевски, приватен превозник од пакет 1, некои од колегите веќе се на линиите низ градот Скопје.

    – Двата пакети, пакет 1 и пакет 3, кои утринава возеа само по една тура, сега колегите се активираат од гаражите за да почнат да возат и да ги опслужуваме граѓаните Скопје – изјави Петрушевски.

    Тој посочи дека веќе се водат разговори за цената на изминат километар и повика тоа да биде разговарано на следната седница на Советот на Град Скопје.

    – Очекуваме на првата седница на Советот на Град Скопје да биде ставена како точка на дневен ред. Советниците ќе мора да одлучат дали ќе ги прифатат нашите барања за километарот да биде рентабилен и да можеме во иднина да го обновиме возниот парк и да ги плаќаме возачите со подобра плата за да не ни бегаат – рече Петрушевски.

    Прашан дали протестот е дело од политичките превирања во градската власт, Петрушевски рече дека не се политички во ниту еден поглед и дека само си ги бараат своите пари.

    – Два месеци досега возиме наизменично и прва и трета смена, но сега дојдовме во ситуација едногласно сите колеги дека нема средства за да продолжат да возат. Немаше што да правиме и мораше да застанеме – изјави Петрушевски.

    Дел од приватните автобуси претходно се заканија дека денеска ќе сообраќаат по само една смена, од пет часот, односно дека еден автобус ќе вози само една тура, на една линија и тоа на автобусите со број 45, 23, 63, 73, 61, 63, 22, 52, 54, 19 и 20.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img