Приватните превозници од 1 јануари ќе земаат плус 30 денари за секој изминат километар

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Приватните превозници од денеска се враќаат на скопските улици, откако се откажаа од најавените блокади по одржаната координативна средба во саботата во Град Скопје. На средбата беше постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по изминат километар.

Претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски во изјава за медиумите дадена по координативната средба изјави дека новите цени треба да се применуваат од 1 јануари.

– Успеавме да се договориме дека за рок од 15 дена ќе биде изработена стручна анализа заедно со нас и со координаторите на советничките групи, да се најде некое оптимално решение за да може да се направи нова методологија на цената, да се стават ставки кои треба да бидат структурирани и заклучно со 1 јануари 2025 година стартуваме со нова цена, ќе се склучи анекс на Договорот – рече Зафировски.

И од Град Скопје за координативната средба на која присуствувале градоначалничката и секретарот на Град Скопје, координаторите на советничките групи и претставници на приватните превозници, информираа дека е донесен заклучок според кој во рок од 15 дена треба да се изготви анализа во која согласно утврдената методологија ќе се утврдат реалните трошоци за извршување на услугата јавен превоз.

– Анализата со Предлог решение и одлуки да се презентира од страна на стручните служби на 16 декември пред истиот состав на координативен состанок, по кој членовите на Советот на Град Скопје ќе имаат можност да се изјаснат со носење на одлука со која ќе се изврши корекција на надоместокот за приватните превозници од страна на советниците во Советот во Град Скопје – стои во соопштението од Град Скопје.

Координаторот на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски во саботата на Фејсбук објави дека присуствувал на координацијата, но дека ја напуштил откако не добил предлог за проблемот со приватните превозници и посочи дека за нив одлуката е легитимна.

– Сакам да нагласам дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да навлегува во задкулисните и нечесни игри на коалицијата СДСМ, Град Скопје, ДУИ и Левица кој никако не работат за доброто на граѓаните на градот Скопје – наведе Стојановски, додавајќи дека на последната сендица на Советот на Град Скопје е донесен заклучок со кворум од присутни 29 члена на Советот за покачување на цената на приватните превозници за 30 денари по извозен километар.

Проблем со јавниот градски превоз имаше и кога автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие останаа без нафта откако беше поништена јавната набавка. Со одлука на Владата беше одобрено од државните резерви да се отстапат 250 тони нафта кои според проценките треба да бидат доволни додека да се реализира новата јавна набавка за нафта. Од Владата најавија и набавка на нови 100 до 120 електични автобуси, кои според најавите, треба да пристигнат до следната летна или есенска сезона. Одлуката за набавка на електрична автобуси, за градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска е задоцнета.

Новиот в.д. директор на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски во интервју за „Радио Слободна Европа“ истакна дека во врска со разгледувањето на поништениот договор на ЈСП за гориво чекаат да им се достави документацијата од јавното претпријатие и откако ќе проверат, ќе видат каков поднесок ќе поднесат до ОЈО Скопје.

- Advertisement -
Ad image

Како институција мораме да направиме се за да нема повеќе чување на предмети во фиоки, истакна новиот в.д. директор на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски.

– Документацијата од страна на Бирото за јавни набавки е прибавена. Чекаме документација од ЈСП, доставено е барање до ЈСП, и врз основа на сето тоа ќе утврдиме, ќе анализираме, ќе провериме и ќе видиме со каков соодветен поднесок ќе одиме до Основното јавно обвинителство Скопје. Сепак нема да бидат изоставени консултациите со јавен обвинител во овој случај – посочи тој.

Од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата недела преку соопштение оценија дека недостапноста на јавниот превоз дискриминира повеќе категории на граѓани.

- Advertisement -
Ad image

Патничка од Скопје во автобус на ЈСП вчера се здобила со тешки телесни повреди откако паднала на второто ниво во автобусот.

„Недостапноста на јавниот превоз непропорционално повеќе засега одредени групи на граѓани како жени, млади луѓе и ученици, пензионери и други возрасни лица, Роми, луѓе што живеат во населби пооддалечени од центарот на градот. Особено е загрижувачка состојбата со јавниот превоз од населбата Шуто Оризари, каде повремено возат само приватни превозници, со што се врши дополнителна дискриминација врз основа на етничка припадност и раса“, соопштија од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Share This Article