More

    Притвор за шестмина и една мерка за претпазливост

    spot_img

    Судија на претходна постапка го прифати барањето на Обвинителството и им одреди притвор на шест од седуммината обвинети за случајот парцели за ЕВН, меѓу кои и за двајца поранешни управители во компанијата.

    – Пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје беа спроведени седум лица. По произнесување на јавниот обвинител и осомничените лица во присуство на нивните бранители, судија на претходна постапка, ценејќи ги фактите приложени во предлогот, донесе решенија со кои делумно го прифати предлогот и на: И.Г., М.М., Д.Т., О.Т. и В.И. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на Д.Ќ, му определи мерка куќен притвор, заради постоење на основите од член 165 ст.1, т.2. од ЗКП односно постоење на околните кои укажуваат на опасност дека ќе ја попречат истрагата со влијание на сведоци, вешти лица, соучесници или прикривачи – соопшти вечерва Основниот кривичен суд Скопје.

    Воедно, судијата го прифатил предлогот на Обвинителството и донел решение со кое на обвинетата М.И. и определи мерки за претпазливост.

    Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

    Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека донеле наредба за спроведување истражна постапка против седум лица, од кои за двајца постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „измама во службата“ од член 355 став 4 во врска со став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик, додека останатите се осомничени за „помагање при извршување на кривичното дело“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img