Наставникот кој степа во машинското средно училиште „Фрањо Бошњаковиќ“ во Загреб беше ослободен од притвор од страна на советот на Жупанискот суд во Загреб. Советот ја прифатил жалбата на адвокатот на професорот, јавија од канцеларијата на адвокатот.
„Сега му е изречена забрана за вршење дејност наместо истражен притвор поради ризик од повторување на делото. Според уставот секое ограничување на правата мора да биде сразмерно на опасноста, а во овој случај опасноста може да се спречи со поблага мерка“, велат од канцеларијата за хрватски Индекс.
Наставникот од училиштето бил приведен поради тепачка на час, која настанала откако, како што изјавиле некои ученици од тоа училиште, ученик го испровоцирал и навредувал. Тој полесно повредил двајца ученици, кои при пресметката ги удрил со предмет што го грабнал од витрината.
Адвокатот Миљевиќ рече дека професорот е во тешка психичка состојба бидејќи неговата сопруга починала пред еден месец, но тоа не му била единствената семејна трагедија во последно време и додаде дека некои учесници на овој настан очигледно ги искористиле овие настани за да се однесуваат несоодветно со професорот. Меѓу другото, се дозна дека учениците го нарекувале професорот „четнички војвода“ иако знаеле дека тој бил учесник во Татковинската војна.
Случајот во средно машинско училиште ја разбранува јавноста во Хрватска, а остана нејасно дали ќе има некакви санкции или укор за учениците кои провоцирале. Професорот беше осомничен од полицијата за повеќе кривични дела – тешка телесна повреда во обид, телесна повреда и две кривични дела повреда на права на дете.
Пред два дена на професорот му беше одреден притвор поради ризик од повторување на делото, но сега по притисокот од јавноста, која во голем дел е против затворањето на професорот, тој е ослободен.
Дури, дел од учениците во самото училиште по инцидентот застанаа на страната на професорот. Еден од нив ТВ Нова вчера изјавија дека ученикот од видеото често го провоцирал професорот кој, како што велат, не е виновен за тепачката.
– Тој ученик е провокатор сам по себе, сака да се исмејува со професорот и на професорот му дојде преку глава, иако мислам дека повеќе е крив ученикот отколку професорот затоа што нема што да провоцира и да му кажува на професорот – изјавил еден ученик.