Пристигна одговор од Кремљ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не ја исклучи можноста рускиот лидер Владимир Путин да разговара со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, пред неговата инаугурација, објави порталот Спутник.

– Tаа можност не е исклучена. Трамп рече дека ќе му се јави на Путин пред инаугурацијата. Тоа се негови зборови, немаме што друго да објавиме на таа тема засега – додаде тој.

Портпаролот додаде и дека Москва не контактирала со штабот на Трамп.

Песков не сакаше да коментира ниту дали Русија ќе има свој претставник на церемонијата на инаугурација на новиот американски претседател.

– Во моментов не ни знаеме кого ќе поканат. Тоа не е прашање за нас – рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање.

Покрај тоа, портпаролот на Кремљ изјави дека Путин не планира телефонски разговор со американскиот претседател во заминување, Џозеф Бајден.

Секој состанок бара многу работа на експертско ниво.

Зборувајќи за евентуалната средба меѓу лидерите на Русија и на САД, Песков оцени дека секоја потенцијална средба меѓу претседателите на Москва и на Вашингтон треба да биде добро подготвена на експертско ниво, но дека засега не се работи на тоа.

– Состаноците не се случуваат тукутака. Секој состанок треба да биде добро подготвен и зад секој состанок има многу работа на експертско ниво. Засега ништо не се презема околу тоа. Во моментов е рано да се одлучи со кого да се соработува. Не работиме со администрацијата на Бајден, има некои оскудни канали за техничка комуникација, но тие не се од значајна природа – изјави Песков.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article