17 лица се повредени во престрелката што се случила синоќа во кафуле во Приштина.
Неколкумина од нив се повредени од истрелите, а останатите се повредени од фрагменти од стакло поради кршењето кое настанало како последица од пукањето.
Повредените се испратени на лекување, додека полицијата, како што се наведува во соопштението, продолжува да работи на други оперативно-истражни активности.
– Во овој случај во моментов се идентификувани најмалку двајца осомничени, а се работи на откривање на други можни осомничени – наведуваат од полицијата.
Директорот на Ургентниот центар Насер Сиља потврди дека еден од повредените е во животна опасност.
– Имаме вкупно 17 повредени, од кои седум со огнено оружје, а 10 со други повреди од скршено стакло или инвентар. Сите се во стабилна состојба, додека еден е во операциона сала и неговиот живот е во животна опасност. За останатото, гомната е стабилна. Возраста на пациентите се движи од 20 до 39 години – изјави Сиља, пишува Косово онлајн.