Природно-математичкиот факултет во Пула објави видео, снимено во Медвеја, место на источниот брег на Истра, на кое се гледа втората по големина риба во светот – џиновска ајкула.
Овој вид ајкула е втора по големина риба во светот (по рибата Rhincodon typus) и е сосема безопасна за луѓето. Џиновската ајкула е филтер-хранител, што значи дека се храни со планктони, риби и со безрбетници со филтрирање на водата низ нејзината огромна уста. Нема заби, прилагодени да ги напаѓа луѓето, и апсолутно не е заинтересирана за луѓето како плен.
„Професионалниот рибар Никола Франковиќ ни прати видео од џиновска ајкула (𝐶𝑒𝑡𝑜𝑟ℎ𝑖𝑛𝑢𝑠 𝑚𝑎𝑥𝑖), која ја видел пред неколку дена пред пристаништето на Медвеја, на 200 метри од брегот. Ајкулата била на површината на морето, а нејзината должина била проценета на 8 метри“, пишуваат оттаму.
Џиновските ајкули најчесто се гледаат додека полека се движат по површината на морето. Ваквото однесување им го донесе името „basking shark“ (од англискиот збор bask, што значи „уживање во сонцето“) бидејќи изгледа како да лежат и да ја впиваат сончевата топлина, беше објавено на веб-страницата на факултет.
фото: Fakultet prirodnih znanosti u Puli – Facebook profile video