More

    Администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе ја укине забраната на контроверзна украинска воена единица да користи американско оружје

    spot_img

    Администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе ја укине забраната на контроверзна украинска воена единица да користи американско оружје, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на претставници на Стејт департментот.

    Стејт департментот ја укина десетгодишната забрана за полкот Азов да користи американска обука и оружје, откако по анализа не откри докази за кршење на човековите права од страна на единицата, објави весникот.

    Актот Лихи забранува давање американска воена помош за странски воени единици за кои е утврдено дека извршиле кршење на човековите права. Азовскиот полк, кој има екстремно десничарски и ултранационалистички корени, е дел од Украинската национална гарда и потекнува од баталјон формиран во 2014 година за борба против сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина. Полкот во Украина е пофален како бранител на земјата од руската инвазија, а особено на јужниот град Мариупол, но во Руската Федерација го третираат како терористичка организација и неговите активности се забранети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img