Припадниците на Армијата ќе трагаат по преживеани во урнатините

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дополнителен армиски состав од 36 припадници од баталјонот за специјални сили, обучени за спасување и пребарување во урнатини, денеска претпладне од касарната „Илинден“ во Скопје замина во Туркије каде ќе учествува во хуманитарната операција во областите кои се најмногу погодени од катастрофалните земјотреси.

Како што соопшти Министерството за одбрана, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, на испраќањето на дополнителниот тим од Армијата порача најпрофесионално да го вложат севкупниот свој потенцијал и обученост и да помогнат на граѓаните на сојузничка Туркије.

„Армискиот тим се упатува по донесената одлука на Владата за испраќање дополнителна помош, а на предлог на Министерството за одбрана. Во меѓувреме армискиот тим, кој се наоѓа во градот Кахраманмараш, непрекинато е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните, кои се наоѓаат во урнатините настанати од катастрофалните земјотреси“, соопшти Министерството за одбрана.

ФОТО МИА

Share This Article