Принцот Вилијам остана затекнат од „незгодното“ парашање на едно 11-годишно момче. За време на посетатат на младинскиот клуб во Манчестер, 11-годишниот Амир Хасан со голем интерес го прашало принцот за неговата банкарска сметка
„А. колку пари имаш ти на сметка во банка“? – детски љубопитно прашал 11-годишниот Амир ракувајќи се со британскиот престолонаследник
Принцот Вилијам од срце се насмеал на прашањето и брзо се снашол во „незгодната ситуацијата“ иако на својот љубопитен соговорник не знаел точно да му одговори на прашањето, но успеал да се пошегува на своја сметка.
„Јас сум буквално последната личност што треба да ја прашаш. Види, косата ми исчезнува“ – се пошегувал принцот Вилијам.
Според протоколот, членовите на кралското семејство никогаш не носат готовина со себе. Тоа е наводно до безбедносни причини, иако се зне дека бабата на принцот Вилијам, покојната кралица Елизабета Втора, во недела носела пари во чантата и ги донирала во црква.
Но, дефинитивно, британскиот престолонаследник не е без банка во џебот. Според британските медиуми, се верува дека принцот Вилијам тежи околу една милијарда фунти, а The Sunday Times пишува дека откако го наследил имотот на неговиот татко, Војводството Корнвол, вредноста на тоа што го поседува се движи околу 20 милијарди фунти.