More

    Принцот Вилијам бил снимен за време на вечерата во геј ресторан во Варшава, Полска, а неговото доаѓање ги изненадило гостите но и сопствениците на ресторанот

    spot_img

    Принцот Вилијам бил снимен за време на вечерата во геј ресторан во Варшава, Полска, а неговото доаѓање ги изненадило гостите но и сопствениците на ресторанот. Работниците за „Дејли мејл“ изјавиле дека нарачал храна која чини помалку од 10 долари.

    Еден од гостите сподели фотографии на Инстаграм на кои се гледа како принцот од Велс седи со група од неговиот персонал додека келнерот ги прима нивните нарачки. Извор открил за „Дејли мејл“ дека „тимот од палатата резервирал локален ресторан во близина на местото каде што работеле, а принцот решил да им се придружи“.

     

    „Ги праша што прават, а потоа ги замоли да дојдат со нив. Тоа беше одлична ноќ. Тимот навистина беше почестен бидејќи им се придружи“, раскажал извор за британскиот таблоид. Според информациите кои ги открил сопственикот на ресторанот, „принцот нарачал сендвич со свинско и се изел“.

    Инаку, принцот Вилијам ненадејно ја посети Полска за да изрази поддршка за таа земја, која им помага на бегалците раселени од војната во Украина. Тој, исто така, се сретна со британските и полските војници во близина на украинско-полската граница и ја пофали нивната „соработка за поддршка на народот на Украина и нивната слобода“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img