More

    ЕКИПАТА НА АЛСАТ ИЗБРКАНА ОД ПРОТЕСТОТ ВО ЧАШКА

    spot_img

    Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) бара објаснување од страна на општината Чашка во врска со спречувањето на новинарската екипа на ТВ Алсат да влезе во јавна установа.

    Утринава пристигнала пријава до ЗНМ од страна новинарска екипа на телевизија Алсат која била спречена да ја врши професионално својата работа за време на протестот во општина Чашка пред ОУ „Тодор Јанев“ против воведување паралелка на албански јазик во училиштето.

    „Сакаме јасно да истакнеме дека односот кон новинарите и медиумите кои работат на терен е од критична важност за слободата на информирање и изразување во демократското општество. Насилството и спречувањето на новинарите да ја извршуваат својата професионална задача е неприфатливо, не е во сообразност со демократските вредности и придонесува кон цензура“ – се вели во реакцијата на ЗНМ и ССНМ.

    Според пријавата, откако новинарот Авни Тахири и снимателот Новица Апостолоски пристигнале пред општината Чашка, дел од луѓето што протестираат им забраниле да влезат во општината и почнале вербално да ги напаѓаат, притоа се обиделе и физички да ја тргнат камерата, како што се гледа и од видеото објавено на официјалната Фејсбук страна на ТВ Алсат.

    На видеото се гледа расправијата меѓу присутните демонстранти и новинарската екипа.

    – Шо снимаш бе… Симни ја камерата, сто пати ти рекоа симни ја камерата, прекини! – му вели еден од присутните на снимателот.

    На реакција на снимателот Апостолоски кој вели – не сум дојден дома кај вас па да не смеам да снимам, еден од демонстрантите вели:

    – Па дома ми дојде, мое е ова бе, шо државно бе, само тоа сте научиле, тргни се оттаму ајде!

    Потоа, по кратка недолична конверзација, лицето кое се обидува да го избрка снимателот, влегува во општината и не ѝ дозволува на екипата да влезе во општината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img