Принцот изнесе нови детали за закрепнувањето на принцезата по операцијата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Принцот Вилијам завчера се врати на службените должности откако Бакингемската палата во понеделникот објави дека неговиот татко, кралот Чарлс, боледува од рак и откако неговата сопруга Кејт Мидлтон на 16 јануари беше оперирана на абдоменот во истата болница каде што беше опериран британскиот монарх.

Принцот Вилијам најпрвин беше домаќин на церемонијата на доделување награди за истакнати уметници и спортисти во Виндзор, со која порано претседаваше кралот Чарлс, а потоа и на хуманитарна вечера во Лондон каде ги откри следните детали.

„Би сакал да ја искористам оваа прилика да ви се заблагодарам за вашите љубезни пораки за поддршка за Кетрин и мојот татко, особено во последните денови“, рекол принцот Вилијам на гала вечерата за лондонската Фондација за воздушна амбуланта и порачал: „Тоа многу ни значи на сите“.

Тој потоа на шега додал: „Чесно е да се каже дека последните неколку недели беа повеќе медицински насочени, па мислев да дојдам на овој настан за да побегнам од сето тоа“.

Веднаш штом беше објавено дека Кејт Мидлтон имала операција на абдоменот, се дозна дека Вилијам ќе одложи одредени јавни ангажмани за да се грижи за сопругата и нивните деца. Во меѓувреме, беше објавено дека Чарлс Трети боледува од рак, а потоа следуваа вести дека се враќа на работа иако останува посветен на грижата за принцезата од Велс, која се очекува да се врати на должностите по Велигден.

Вилијам завчера на церемонијата на МБЕ зборуваше за својата сопруга.

„Принцот Вилијам рече дека за Кејт се грижеле две филипински медицински сестри кои биле неверојатни и љубезни“, напиша на LinkedIn Патриша Спрус, која ја доби наградата благодарение на вработувањето странски лекари во британската Национална здравствена служба.

Поранешната фудбалерка Елен Вајт, која исто така стана МБЕ, му порача на Вилијам дека и посакува сè најдобро на Кејт Мидлтон. На прашањето како реагирал, таа рекла: „Тој навистина го ценеше тоа. Така што, беше очигледно дека сакав да ги испратам моите најдобри желби“.

Читачот од усни Џереми Фримен протолкувал дека Вилијам и порачал: „Беше убаво што ве видов повторно“, а таа одговорила: „Благодарам, ве молам, пренесете му на вашиот татко желби за брзо закрепнување“, пренесува „Дејли мејл“.

- Advertisement -
Ad image

Чарлс Трети пред две недели беше опериран за бенигно зголемување на простатата, во болница беше констатирано дека има рак, но станува збор за посебен проблем.

Share This Article