Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се снимени на кошаркарски натпревар помеѓу Лејкерс и Мемфис Гризлис, а камерите уловиле еден мошне интересен момент помеѓу сопружниците.
Двојката од трибините уживала на кошаркарскиот натпревар, а ова воедно е нивното прво заедничко излегување во јавност, откако Меган одлучи да не присуствува на крунисувањето на нејзиниот свекор, кралот Чарлс Трети.
Имено, принцот Хари на натпреварот се обидел да ја бакне сопругата, а нејзината реакција ја изненади јавноста. Меган го одбила пред 20.000 присутни, додека цело време се смеела.
Меѓу тие 20.000 луѓе биле и старлетата Ким Кардашијан и актерот Адам Сендлер.
Изразот на лицето на Хари откако Меган го одбила да ја бакне привлече посебно внимание и предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
Пред тоа, публиката почнала да аплаудира и да ги охрабрува да се бакнат. Меѓутоа, Меган не сакала да го направи тоа.
Хари ќе дојде сам во Велика Британија на крунисувањето, а Меган ќе го прослави четвртиот роденден на синот Арчи во Калифорнија. Медиумите со недели шпекулираат за причините за непристигнувањето, но ниту една не е официјално потврдена.