Принцот Хари има прекар. Него на скратено Меган му се обраќа со „Хаз“, а ова за првпат се обелодени во Ноќното шоу на Џејмс Корден, пишува Мирор. Во шоуто била пуштена снимка од турнејата на Хари низ Лос Анџелес. Хари е во автобус и преку видеоповик на мобилниот зборува со Меган. „Еј Хаз, како иде турнејата?“, го прашува неговата жена.
Поради ова шоуменот Корден се потсмеваше со принцот:
– Хаз?! Не знаев дека те викаме Хаз! – извикал водителот.
– Па ти не си ми жена- му возвратил Хари.
Но, ова не е единствениот пат кога Меган го нарече Хари со прекар. Таа тоа го направи и за време на гостувањето во шоуто на Елен, кога почна да разговара за неверојатната врска меѓу нејзините деца. Веројатно тогаш медиумите не обрнаа многу внимание на овој детал.
Хари и Меган живеат во Калифорнија речиси две години, откако се откажаа од своите кралски титули во 2020 година. Тие сѐ уште не имале никој на гости од кралското семејство.