По објавувањето на новата епизода од популарната анимирана серија „Саут парк“ (South Park), извор за британските медиуми изјави дека Меган била многу вознемирена.
Меган Маркл била вознемирена поради начинот на кој биле прикажани таа и нејзиниот сопруг. Инсајдерот открил за британскиот таблоид дека „парот ангажирал адвокати поради „Саут парк“, и дека „може да следат правни последици“.
Сега портпаролот на парот проговори за сѐ, отфрлајќи ги наводите дека Меган и Хари сакаат да ги тужат авторите на серијата поради неодамнешната епизода. „Сето тоа е глупост. Целосно неосновани и здодевни вести“, рече портпаролот.
Потсетуваме, „Саут парк“ во последната епизода доста жестоко ги исмејуваше принцот Хари и Меган Маркл. Епизодата се вика „World Private Tour“, а главни ѕвезди се „принцот од Канада и неговата сопруга, кои се обидуваат да најдат приватност и изолација во мало планинско гратче“.
Во епизодата има и сцена што се случува на сетот на ТВ-шоуто. Двојката излегува на сцената држејќи ги натписите „Сакаме приватност“, додека водителката држи примерок од новата книга на принцот со наслов „Waaah“.
„Живеевте со кралското семејство. Имавте сè на располагање, но велите дека животот ви бил тежок. Сè за тоа сте напишале во вашата нова книга Waaah“, им вели водителката. Сопругата на принцот тогаш одговори: „Реков, да напишете книга бидејќи кралското семејство е глупаво, а исто така и новинарите“.