More

    Примислав Димовски повеќе не е началник на Единицата за интервентна полиција

    spot_img

    Примислав Димовски повеќе не е началник на Единицата за интервентна полиција. Тој од понеделник ќе работи во Единицата за стратешко планирање, стандарди и контрола на квалитетот, која е една од вкупно 16 организациони единици на Бирото за јавна безбедност. Од МВР велат дека не станува збор за деградирање туку за унапредување.

    – Лицето на негово барање е прераспоредено од Единицата за интервентна полиција. Неговата нова позиција според бројот на бодови претставува унапредување од претходната позиција – велат од МВР.

    Димовски претходно беше командант на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфи“, а од 2019 година беше назначен за началник на новата Единица на интервентна полиција.

    Димовски е поранешен боксерски шампион.

    Засега нема информација кој ќе биде нов началник на интервентната полиција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img