На маргините на самитот на кој рускиот претседател Владимир Путин им вети бесплатно жито за шест месеци на неколку африкански земји ненадејно се појави неговиот доскорешен готвач, бунтовник и ривал – Евгениј Пригожин. Пригожин во Санкт Петербург беше виден како се ракува со африкански функционер, а според Си-Ен-Ен средбата се случила на маргините на самитот.
Од Си-Ен-ЕН не можеле да го идентификуваат службеникот, но тој носел лента што одговарала на оние што ја носеле другите официјални лица на самитот.
Ова е прв пат Пригожин да биде виден во јавноста во Русија откако тој го предводеше вооружениот бунт минатиот месец. Претходно се шпекулираше дека тој бил виден на 19 јули, кога на социјалните мрежи искружи видео во кое тој наводно престојува во базата Асиповиќ во Белорусија.
Директорот на ЦИА Бил Барнс подоцна потврди дека основачот на Вагнер бил во Минск.
– Пригожин малку се пресли. Мислам дека тој е во Минск во последно време. Не сум сигурен дали планира да се пензионира во предградието на Минск, но некое време беше и во Русија – изјави Барнс на безбедносниот форум во Аспен.
На отворањето самитот Русија-Африка рускиот лидер Владимир Путин обзнани дека на Буркина Фасо, Зимбабве, Мали, Сомалија, Централноафриканска Република и на Еритреја ќе им доставува до 50.000 тони житарки месечно бесплатно во следните шест месеци.