More

    Преживеаните мигранти тврдат дека нема повеќе исчезнати, 11 лица го загубија животот

    spot_img

    Управата за цивилна заштита на Република Српска денеска ја прекина потрагата на Дрина бидејќи преживеаните мигранти тврдат дека нема повеќе исчезнати, изјави Борис Трниниќ, директор на Управата за цивилна заштита.

    Трниниќ изјави дека потрагата денеска е прекината, бидејќи преживеаните мигранти тврдат дека не се удавиле повеќе од 11 лица, исто толку тела биле извлечени од Дрина.

    – Потрагата може да се продолжи, доколку истрагата утврди дека повеќе луѓе се водат за исчезнати поради превртување на чамец – рече Трниниќ.

    Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека денеска на левиот брег на реката Дрина, на територијата на Босна и Херцеговина, пронајдено е уште едно безживотно машко тело на мигрант.

    Да потсетиме, во ноќта меѓу средата и четвртокот на Дрина се преврте чамец со повеќе од 25 мигранти кои, како што се сомневаат, се обиделе илегално да преминат од Србија во Босна. На брегот тогаш беа пронајдени 18 мигранти, додека вчера од Дрина беа извлечени 10 тела, меѓу кои и тело на бебе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img