Кинескиот претседател покажува „ретка слабост“ со новото олабавување на ковид-мерките во градовите Гуангжу и Чонгкинг. Ова за Њузвик го изјави Кинез кој ги преживеал трагичните протести на плоштадот Тјенанмен во 1989 година кои светот ги памети по кинескиот тенк кој прегази студент кој едноствено не сакаше да се истргне од патот. Дали е сега поразлично со Си Џинпинг?
Додека Си се откажа само од некои од ригорозните мерки, некои велат дека полека тој ја олабавува својата политика на нула-ковид, политика која изминатите денови ја крена Кина на нозе. Беа аспени млади луѓе кои со бели А4 листови сакаа да кажат дека – не смеат ништо да кажат, во еден таков хибриден режим.
Тешко било и во 1989 година. Соговорникот за Њузвик, преживеаниот Џоу Фенгсуо, по протестите бил пратен во камп за превоспитување.
– Како преживеан од масакрот во Тјенанмен, јас сум во солзи додека ги гледам демонстрантите кои извикуваат „крај на комунистичката партија ККП“ во Шангај, родното место на ККП – рече Џоу.
Коментирајќи ги протестите, ретка глетка под владеењето на Си , Џоу рече дека студентите и младите кои се противат на кинеската влада „минуваат низ крштевањето на политичкиот активизам“ и стануваат „господари на сопствената судбина“.
– Тешко е да се предвиди исходот од протестите сега. Но, веќе гледаме олабавување на политиката за нулта-ковид, што е редок приказ на слабост за Кси Џинпинг – изјавил тој.
За време на протестите на плоштадот Тјенанмен, стотици кинески студенти беа убиени кога кинеската влада се тркалаше во тенкови за да го потисне несогласувањето. Кинеската влада никогаш целосно не ги признала протестите ниту пак откри колкумина загинале.
На Џоу му било дозволено да ја напушти земјата во 1995 година и сега живее во Њујорк, според неговиот Твитер профил. Тој сепак вели дека Си Џинпинг има апсолутна контрола над Комунистичката партија.
– Си Џинпинг сè уште има целосна контрола во ККП. Но, неговата строга контрола, исто така, значи дека системот не може да се справи со изненадувања бидејќи неговите потчинети не се подгтвени да преземаат иницијативи без експлицитни упатства од Си – рече Џоу.
– Уште повеќе, системот за нулта-ковид е веќе исцрпен. Но, во оваа фаза, тој сè уште е вкоренет – додаде Џоу.