Превозниците со јасна порака од протестот кон Арсовска и кон ЈСП Скопје

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ со блокада од околу 30 автобуси на раскрсницата кај Мавровка, односно булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“, бараат да им бидат исплатени долговите за да можат да почнат повторно со работа.

Кемал Муриќ од „Слобода превоз“, во изјава за МИА, рече дека блокадата е резултат од неправилното работење на Јавното сообраќајно претпријатие којашто, како што кажа, дозволи да се натрупа долг во износ од скоро 2 милиона евра кон нив.

– После неуспешниот обид да оствариме средба со градоначалничката, да и ги изнесеме нашите проблеми и нашите аргументи, затоа што сметаме дека беше погрешно информирана, таа не најде за сходно да не прими, истакна Муриќ кој додаде дека потоа не биле примени ниту од страна на ЈСП – изјави Муриќ.

Тој рече дека денеска се принудени да ја блокираат раскрсницата само за една цел, а тоа е да им бидат исплатени заработените средства и да бидат оставени да работат како што работеле до сега.

Прашан за најавата на градоначалничката Арсовска, дека ќе се отвори повик за поединечно аплицирање за приватни автобуски линии, Муриќ одговори дека тоа се прави за разбивање на приватните превозници и тврдеше дека тоа нема да се случи.

Наводите за злоупотреби за непријавени билети, Муриќ ги оцени како невистинити.

– Тоа е само обид за одвлекување на вниманието од состојбата предизвикана директно со нивното неработење во складот на потпишаните договори и натрупување на долг од скоро два милиона евра – рече Муриќ и најави дека ова прашање ќе има судска завршница.

Исен Халили од приватниот превозник „Макекспрес“, истакна дека раскинувањето на договорот од страна на Град Скопје за нив е и дополнителен проблем.

– Како причина за тоа, како што се наведува, е дека одржувањето на линијата 19 е падната под 80 проценти, а директна причина за тоа е немањето на материјални средства, а не е некое неодговорно однесување – рече Халили.

- Advertisement -
Ad image

Халили рече дека нивните барања се исто така да им се исплати долгот, но и да се повлече одлуката за укинување на договорот со „Макекспрес“.

За денеска е најавено дека Советот на Град Скопје ќе одржи вонредна седница за советнички прашање каде што се очекува да се донесе одлука за решавање на проблемот со приватните автобуски превозници.

Share This Article