Превентивна кампања „Стави појас“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вчера (29.02.2024), СВР Охрид започна со реализација превентивна кампања „Стави појас“. Во рамките на едукативната кампања, полициски службеници од Отсекот за превенција и од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, на повеќе пунктови во градот, низ непосреден контакт на возачите на моторни возила им укажаа на неопходноста од користење безбедносен појас во текот на управувањето со моторното возило.
Исто така, за време на активноста на возачите им беа поделени маици и освежувачи за возила со натпис „Стави појас“, како и летоци со едукативна содржина.

Share This Article