More

    Претставници на турските власти денеска, една година по разорниот земјотрес и најголемата катастрофа во модерната историја на земјата, им ги врачија клучевите од завршените над 7.000 нови станови на оние кои останаа без покрив над главата

    spot_img

    Претставници на турските власти денеска, една година по разорниот земјотрес и најголемата катастрофа во модерната историја на земјата, им ги врачија клучевите од завршените над 7.000 нови станови на оние кои останаа без покрив над главата.

    Во силните земјотреси што ја погодија јужна Турција на 6 февруари 2023 година, 60.000 луѓе загинаа во 11 провинции, а милиони жители останаа без покрив над главата.

    – Денеска ги предаваме клучевите на 7.275 станбени единици во Хатај… Постепено ќе им предадеме уште 40.000 домови на жителите ширум регионот штом ќе биде завршена нивната изградба – изјавил претседателот Реџеп Таип Ердоган за време на церемонијата во Хатај, провинцијата најтешко погодена од земјотресите.

    – Во следните два месеци жителите ќе ги добијат клучевите од околу 75.000 станови – истакнал Ердоган и додал дека годинава Владата има намера да ги доврши и предаде клучевите на вкупно 200.000 станбени единици.

    Како што изјави вчера пред новинарите министерот за урбанизам Мехмет Ожасеки, во областа погодена од земјотресот се уништени околу 680.000 куќи.

    Тој додал дека 390.000 семејства се пријавиле за нови станови кои ќе се градат на тоа подрачје.

    По земјотресот, Ердоган вети дека ќе изгради 319.000 нови домови до февруари 2024 година и вкупно 680.000 нови домови годишно потоа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img