More

    Претставникот на Холандија Јост Клајн нема да учествува во финалето на избор на песна на Евровизија што ќе се одржи вечерва во Малме

    spot_img

    Претставникот на Холандија Јост Клајн нема да учествува во финалето на избор на песна на Евровизија што ќе се одржи вечерва во Малме, соопшти денеска Европската радиодифузна унија (ЕБУ), организатор на настанот.

    Како што пренесува националната новинска агенција на Холандија АНП, причината е инцидент со вработена во Евровизија, што во моментов го истражува шведската полиција.

    Ова е прв пат во историјата на Евровизија, претставник на некоја земја да биде дисквалификуван за време на настанот.

    Клајн требаше да настапи како петти во финалето со песната „Европапа“.

    ЕБУ нагласува дека има нулта толеранција кога станува збор за несоодветно однесување.

    „Сакаме безбедна работна средина за сите вклучени во фестивалот. Однесувањето на Јост е спротивно на нашите правила. Затоа сега има само 25 кандидати во финалето“, соопшти ЕБУ.

    Организаторите, исто така, посочуваат дека „за разлика од она што некои (социјални) мрежи го објавуваат, не станува збор за инцидент во кој е вклучен уметник или член на делегација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img