Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во посета кај Вилма Трајковска и семејството на поранешниот шеф на државата Борис Трајковски

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во посета кај Вилма Трајковска и семејството на поранешниот шеф на државата Борис Трајковски.

„Во посета на семејната куќа на претседателот Борис Трајковски во Струмица. Споделивме спомени за неговата личност, посветеност како политичар, но и верник кој со политиката што ја водеше урна многу стереотипи и беше високо почитуван и дома и во меѓународната заедница“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

На 26-ти февруари, 2004 година, тогашниот македонски претседател Борис Трајковски, трагично го изгуби животот во авионска несреќа. Тогаш Стефан и Сара, двете деца кои ги имаа со сопругата Вилма, беа малолетни и не беа многу присутни во јавноста.

Share This Article