More

    Претседателот Раиси имаше голема улога во отпорот против Израел

    spot_img

    Палестинската група Хамас соопшти дека ја споделува „болката и тагата“ на иранскиот народ по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и другите официјални лица, изразувајќи „целосна солидарност“ со Иран.

    Хамас додаде дека покојните ирански функционери имале историја на „почесни позиции“ за поддршка на палестинскиот народ и отпор против Израел, вклучувајќи ги и напорите да се запре тековната војна во Газа.

    „Уверени сме дека Исламската Република Иран ќе ги надмине последиците од оваа голема загуба, братскиот ирански народ има институции кои можат да се справат со оваа сериозна криза“ – се вели во соопштението на Хамас.

    Политичките аналитичари проценуваат дека загубата на Раиси – тврдокорен конзервативен политичар и штитеник на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи ќе донесе дополнителна неизвесност во земја која е под голем економски и политички притисок поради војната во Израел и зголемените тензии на Блискиот Исток.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img