More

    Претседателот Пендаровски во Подгорица се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на ПСЈИЕ

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски денеска во Подгорица, Црна Гора се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

    Претседателот Пендаровски во своето обраќање изрази благодарност до Црна Гора за направените напори изминатата година за време на нивното претседавање со ПСЈИЕ и ги најави приоритетите на македонското претседавање со оваа иницијатива. Претседателот истакна дека, како претседавачи ќе се водиме од принципите наведени во основачките документи кои се од 1996 година, односно добрососедските односи, стабилноста, безбедноста, соработката во ЈИЕ и интеграцијата во евроатлантската заедница на слободни и демократски народи. Тој посочи дека овие принципи се исто толку релевантни и денес, како што биле пред две децении и потсети дека оттогаш бил постигнат значителен напредок во однос на политичката и економската соработка, како што е потврдено со спроведувањето на Стратегијата ЈИЕ 2030 и воспоставувањето на Заедничкиот регионален пазар.

    Во своето обраќање претседателот Пендаровски го претстави слоганот „Премостување на поделбите, градење доверба“ како водечка тема за македонското претседавање, со посебен фокус на помирувањето, регионалната соработка и забрзувањето на евроатлантските интеграции.

    Претседателот Пендаровски, нотирајќи ги етничките тензии во регионот, кои лесно се искористуваат од надворешни актери, како и падот на евроентузијазмот порача дека од суштинско значење е да вложиме максимални напори за да се спротивставиме на овие тенденции преку дијалог и барање взаемно прифатливи решенија со разбирање и почитување еден кон друг.

    Тој нагласи дека Северна Македонија посветено го следи овој пат, како што покажаа Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Република Бугарија и одобрувањето на преговарачката рамка на ЕУ минатиот јули, што ни овозможи да ги отвориме пристапните преговори.

    Покрај ова, говорејќи во контекст на руската агресија против Украина ја нагласи итноста за интегрирање на регионот на Западен Балкан во ЕУ и притоа изрази очекување за поддршка од страна на земјите членки на ЕУ за обезбедување опипливи придобивки, вклучително и пристап до фондовите на ЕУ во соодветните области во текот на целиот процес, не чекајќи го неговото завршување.

    Во овој контекст, претседателот Пендаровски изрази задоволство од неодамнешната објава на претседателот на Европската Комисија за новиот План за раст за Западен Балкан, за кој рече дека е целосно во согласност со нашето барање да се добие одредена предност од членството во ЕУ, пред формалното членство.

    Претседателот во своето обраќање посочи дека и подобрувањето на енергетската безбедност во ЈИЕ, изградбата на трансевропските транспортни коридори и промовирањето на културните размени, исто така, ќе се рангираат високо на нашата листа на приоритети, за кои изрази уверување дека ќе им служат на пошироките напори на нашата платформа и ќе го одржат просперитетот на целиот регион.

    Претседателот Пендаровски денеска со почеток во 13:00 часот ќе одржи заедничка прес конференција со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, во својство на претседатели на земјите кои се актуелен и следен претседавач со ПСЈИЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img