Претседателот Пендаровски со реакција по посетата на Курти на Чаир и на Тетово

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот Стево Пендаровски бара инспекциските служби на Општина Чаир да проверат дали е законски донесена одлуката за преименувањето на улицата Втора македонска ударна бригада во Адем Демачи, чие ново име беше промовирано по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти.

„Начинот на реализација на идејата за преименувањето на улицата во Општината Чаир е во спротивност со принципот на демократска дебата и почитување на историското наследство на сите заедници во државата. Во таа смисла, очекувам надлежните инспекциски служби да проверат дали при носењето на одлуката е почитуван принципот на двојно мнозинство, кој треба да ги вклучува и гласовите на заедниците кои не се во мнозинство во таа општина“, соопшти Пендаровски.

Втората македонска ударна бригада со мултиетнички состав беше една од партизанските сили во Македонија која успешно се бореше со бугарскиот фашистички окупатор, како и фашистичките сили на територијата на Југославија, а 245 нејзини борци загинаа на Сремскиот фронт. Адем Демачи, кој почина 2018, беше косовски дисиден, новинар, книжевник и политичар кој се бореше за независно Косово, а на преименуваната улица во Чаир живеел кусо време со семејството.

Пендаровски побара казни и за организаторите на јавните собири при посетата на Курти во Чаир и Тетово, зашто немаше ниту македонско државно знаме ни химна, а на митингот во Тетово се вееше и знаме на Голема Албанија.

„Истакнувањето на провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост со што недвосмислено се напаѓаат основните принципи и вредности на Рамковниот договор како и концептот на Македонија како мултиетничка држава.

Организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир мора да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби во однос на употребата на државното знаме и химна и знамињата и симболите на заедниците, со целосно игнорирање на симболите на државата. Во таа насока ги повикувам надлежните органи во најкус можен рок да ги завршат пропишаните постапки.

Share This Article