Претседателот Стево Пендаровски не планира да се кандидира за нов мандат. Пендаровски на денешниот настан Отворен Форум за антикорупција организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка на кој се дискутираше за мерките и политиките кои се преземаат и треба да се преземаат во борбата против корупцијата одговорајќи на новинарско прашање, кратко изјави дека не планира да се кандидира повторно за претседател на изборите закажани за 8 мај следната година, без да образложи зошто.
Пендаровски е петти претседател на Македонија. На оваа функција стапи од 12 мај 2019 година. Поголемиот дел од професионалната кариера го поминал во Министерството за внатрешни работи како безбедносен аналитичар, воедно бил советник за национална безбедност и за надворешна политика на двајца македонски претседатели, Борис Трајковси и Бранко Црвенковски.
Пендаровски првпат беше во трка за претседател на државата во 2014 година, како кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, но не успеал да го победи тогашниот претседател Ѓорге Иванов. Во 2019 година вторпат се кандидираше на претседателски избори, како консензуален кандидат на СДСМ, ДУИ и десетици други политички партии и го победи кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова.
Политичките лидери во понеделникот на лидерската средба во Собранието се договорија парламентарните избори да се одржат во ист термин со вториот круг од пр