Претседателот Стево Пендаровски во рамки на Светскиот економски форум во Давос, денеска учествуваше на лидерската сесија „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, на кој се дискутираше за политичките и економските аспекти во земјите од Западен Балкан низ призма на новиот геополитички контекст во Европа.
Во рамки на дискусијата лидерите од Западен Балкан се осврнаа на можностите за интензивирање на соработката на економски план, искористување на постоечките потенцијали, како и јакнење на политичкиот дијлог, меѓусебната доверба и меѓународното партнерство во насока на засилување на регионалната безбедност.