More

    Претседателот на Партизан сe обрати до српскиот претседател

    spot_img

    Претседателот на белградскиот ракометен клуб Партизан, Жељко Перкуниќ, синоќа јавно му се извини на српскиот претседател Александар Вучиќ поради непристојното навивање во кое упати непристојни зборови против него.

    На 3 февруари Перкуниќ заедно со десетина навивачи на Партизан го бодреа српскиот кошаркарски тим на гостувањето во Каунас против Жалгирис. Тој се појавува на видео објавено на социјалните мрежи на кое заедно со навивачи на Партизан скандира непристојни зборови упатени кон Вучиќ.

    – Поради своето непримерно навивање на гостувањето во Каунас, лично му се извинувам на господинот Александар Вучиќ, претседател на Република Србија, и на сите на кои им направив непријатности со мојата непримерна постапка – наведе Перкуниќ во кратко соопштение објавено на сајтот на српскиот ракометен прволигаш.

    Поради овој непримерен гест претседателот на Партизан вчера беше сменет од местото член на Управниот одбор на српската Асоцијација на ракометни прволигаши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img