Претседателот на Италија, Серџо Матарела денеска го распушти Парламентот по падот на коалициската влада на премиерот Марио Драги

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сè уште не е одреден датумот на парламентарните избори, но италијанскиот Устав предвидува тие да се одржат во рок од 70 дена од распуштањето на Парламентот.

Матарела истакна дека се одлучил за вонредни парламентарни избори, осум месеци пред истекот на мандатот на актуелниот парламентарен состав, бидејќи недостигот на поддршка за Драги покажал дека не постои можност да се формира друга влада која ќе ја има поддршката од мнозинството пратеници.

Драги утрово ја достави до Матарела оставката откако се распадна владејачката коалиција, што претставува сериозен удар за Италија, но и за Европа, во време на економска неизвесност предизвикана од пандемијата со ковид-19 и руската инвазија врз Украина.

Политичката криза ја погоди Италија, трета по големина економија во еврозоната, во време кога земјата се бори со висока инфлација.

Како и многу други земји, Италија се соочува со зголемени цени од храна до комунални услуги, како резултат на руската инвазија врз Украина, а земјата исто така е погодена од долготрајна суша.

Share This Article