Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси на средбата во Техеран со рускиот и турскиот претседател. Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган повика на дипломатско решение за граѓанската војна во Сирија.
– Најважно е да се гарантира територијалниот интегритет и да се дозволи сирискиот народ да одлучува за својата политичка судбина – истакна Раиси.
Тој додаде дека друга заеднички цел е борбата против тероризмот.
Иран, Русија и Турција и во 2017 година во Астана разговараа за иднината на Сирија.
Русија и Иран го поддржуваат сирискиот претседател Башар ал Асад, додека Турција е сојузник со опозицијата. Анкара со недели најавува нова офанзива во северна Сирија.