Претседателот на Европскиот совет го налути Брисел со себичните калкулации

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Европски дипломати и официјални претставници ја осудија одлуката на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел да се кандидира за пратеник во Европскиот парламент на изборите во јуни годинава.

Доколку биде избран, Мишел планира да го заземе своето ново место во средината на јули, многу пред да му заврши мандатот како претседател на Советот во ноември.

– Тоа што го прави Мишел е апсолутно скандалозно – рече Ендрју Даф од Центарот за европска политика.

Еден дипломат рече дека ова е „невиден, неискрен и нечесен потег на функционер кој го нарушува угледот на Европскиот совет“, но тој е убеден дека Советот нема да дозволи тој да биде заложник на еден политичар влезен во кампања.

Додека Европа гледа – и се бори со – две големи војни на нејзиниот праг, излегувањето на Мишел од една од најважните функции во институциите на ЕУ се оценува како сигнал дека 48-годишниот Белгиец повеќе се грижи за своите идни перспективи, отколку за неговата сегашна улога. Дополнително, неговото заминување се заканува да создаде панична борба околу следните главни работни места кога Унгарија ќе го преземе ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ подоцна оваа година, што значи дека евроскептичниот, проруски премиер Виктор Орбан ќе раководи со состаноците во отсуство на Мишел.

Официјален претставник близок до Мишел нагласи дека лидерите на ЕУ не биле фатени на незнаење и дека биле информирани што за тоа.

– Ги информиравме лидерите во вистинско време за да избегнеме протекување. Некои лидери беа информирани директно од него, некои други индиректно – рече претставникот близок до Мишел.

Но, еден од претставниците на ЕУ ја негира таа верзија на настаните, велејќи дека Мишел за одлуката разговарал само со својот пријател францускиот претседател Емануел Макрон, додека само испраќал е-пошта до канцелариите на другите европски лидери, оставајќи ги „сите налутени и со право“.

Неговата најава ги отвора прашањата за конфликт на интереси, бидејќи Мишел ќе се кандидира за една функција, а веќе има друга. Како резултат на тоа, дипломатите и политичарите прашуваат дали би било подобро тој да се повлече веднаш по европските избори во јуни, или уште порано.

- Advertisement -
Ad image

Пред европските парламентарни избори на почетокот на јуни, Мишел ќе мора да оди по тенка линија помеѓу кампањата за неговата партија, белгиското либерално Реформистичко движење (МР) и постигнувањето компромиси меѓу 27-те европски престолнини.

– Дали кандидатурата за Европскиот парламент е правилна со оглед на оваа одговорност е нешто што Шарл Мишел мора самиот да го процени – изјави во вторникот локалниот печат австриската министерка за ЕУ Каролин Едштадлер.

Одлуката на Мишел имаше моментален ефект. Тој се заложи за дискусија за таканаречената „Стратешка агенда“, законодавните приоритети за наредните години. Сега лидерите не сакаат да ја продолжат дискусијата, бидејќи голем дел од овој закон ќе го вклучи Европскиот парламент и тој најверојатно ќе биде европратеник, рече дипломат.

- Advertisement -
Ad image

Во Европскиот парламент, пак, некои веќе вршат притисок врз Мишел сега да поднесе оставка. Јенс Гајер, највисокиот германски социјалдемократски пратеник во ЕУ, го нарече потегот на Мишел „его-трип“, и дека е неопходно тој да се повлече од функцијата.

– Мислам дека тој треба да ги примени истите правила како комесар и да се повлече сега или за еден месец и да започне со кампања за да може Советот да се организира – вели Кетлин Ван Бремпт, белгиска социјалистичка европратеничка.

Но, Мишел нема намера да поднесе оставка.

– Тој смета дека е целосно вклучен како претседател на Европскиот совет, беспрекорно ќе ги следи правилата и нема причина да се повлече – рече извор близок до Мишел, пренесува „Политико“.

Share This Article