Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска пристигна во посета на Москва. Лукашенко е придружуван од првата белоруска жена космонаут, Марина Василевскаја, која денеска беше одликувана со медал Херој на Белорусија.
За денеска предвидена е средба на Лукашенко со претседателот на Русија, Владимир Путин, а утре двајцата лидери заедно ќе присуствуваат на настани по повод Денот на космонаутиката.
Предвидено е Путин и Лукашенко да разговараат за регионалната и меѓународната ситуација, како и за координација на акциите како одговор на предизвиците и заканите.