Претседателот на општина Врачар, Милан Недељковиќ, во обраќање до медиумите потврди дека чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“ го загубил животот додека се обидувал да ги заштити учениците при пукањето што се случи утринава во тоа училиште.
„Децата се згрижени во Тиршова, засега имаме информации дека таму се четири-пет деца. Наставникот по историја е во тешка состојба во ургентниот центар, а обезбедувањето им подлегна на повредите“, изјави претседателот на општина Врачар.
Како што изјавил, чуварот сакал да ја спречи трагедијата и тогаш го загубил животот.
„Веројатно трагедијата ќе беше уште поголема доколку тој не застане пред момчето што пукаше“, рече тој.
Потсетуваме дека малолетникот кој пукал е уапсен.