More

    Претседателката Сиљановска Давкова го прими јапонскиот амбасадор, Оцуко Казуја

    spot_img

    Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Јапонија, Оцуко Казуја.

    На средбата беше потенциран интересот за натамошното јакнење на соработката и зближувањето меѓу двете земји и народи, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази очекување за интензивирање на политичкиот дијалог со Јапонија во иднина, со цел унапредување на меѓусебно разбирање и соработка на политички, економски и културен план.

    Во тој контекст беа поздравени проектите од Јапонската иницијатива за соработка со државите од регионов, кои се очекува дополнително да го унапредат развојот на економските односи и да го зголемат интересот на јапонската бизнис заедницата за инвестирање во земјава.

    Во разговорот со јапонскиот амбасадор, Претседателката изрази поддршка за сите поголеми активности и иницијативи со цел продлабочување на билатералната соработка во сферата на културата, образованието и науката и го поздрави македонското учество на Осака ЕКСПО 2025.

    Претседателката Сиљановска Давкова упати благодарност до Јапонијакако една од најголемите билатерални донатори во нашата земја, за континуираната поддршка во областа на образованието и здравството, преку проектите за техничка соработка, грантови и донации.

    На средбата, беше посочено дека годинава се одбележува 30 годишнината од воспоставување на дипломатските односи и 100 годишнината од раѓањето на познатиот архитект Кензо Танге, кој учествуваше во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img