More

    Претседателката објасни зошто на венецот во Рим го пишувало нејзиното име и функција

    spot_img

    На новинарско прашање зошто на венецот што го положи на чевствувањето на светите браќа Кирил и Методиј во Рим стои само нејзината функција и име (Претседателка Сиљановска Давкова), а не и името на државата, претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова изјави дека лентата била куса.

    – Тие лентите не се многу долги, разговарав со мојот кабинет, имавме и различни мислења. Јас бев на мислење дека може да се напише „РС Македонија“, бидејќи немаше простор. Но, се дојде на мислењето дека можеби, бидејќи јас сум на чело на делегацијата, која е државна и црковна, тоа да биде решението. Знам, има забелешки, ги разбирам многуте од нив. Но, Македонија ја претставувавме таму. Веројатно во времево кога, по мојот говор кога го избегнав официјалното име на државата и определбата за Македонија врз основа на правото на самоопределување и слободата на изразување на мислата, се одлучивмне на ова решение. Не мислам дека е тоа не знам каков проблем, ниту негирање на Македонија, ниту негирање на државата. Се знаеше која е делегацијата, кои сме ние. Нам ни се чинеше дека тоа е најдобро во тој момент – рече претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img