Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен објави дека целото нејзино семејство е „ужасно вознемирено“ поради смртта на едно од нивните коњчиња, за кое постои сомневање дека е убиено од волк.
– Таа вест ужасно го вознемири целото наше семејство – рече 63-годишната Фон дер Лајен во својата изјава по смртта на нејзиното пони Доли.
Според нејзиниот портпарол, понито имало 30 години. Тоа бил на пасиштето со уште едно пони кое не е повредено.
Германскиот весник „Билд“ пишува дека сопругот на Урсула Фон дер Лајен го пронашол телото на понито на само околу 100 метри од семејната куќа.
Министерството за животна средина на провинцијата Долна Саксонија, каде што живее семејството Фон дер Лајен, го потврди сомнежот за напад на волк што се случи во четвртокот вечерта во градот Бургдорф, североисточно од Хановер, главниот град на покраината.