More

    Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, доцна синоќа поднесе оставка од функцијата

    spot_img

    Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, доцна синоќа поднесе оставка од функцијата.

    Таа самата ја соопшти веста додека зборуваше во Собранието, откривајќи дека причината за нејзината оставка е поврзана со нејзината здравствена состојба.

    – Почитувани колеги од парламентарното мнозинство и почитувани колеги од парламентарната опозиција. Овде денеска завршува мојот 3-годишен ангажман на чело на Собранието. Поради мојата здравствена состојба, не можам да ја извршувам високата должност на вториот државен функционер на државата, со потребната посветеност што ја повлекува оваа должност – рече Никола од собраниската говорница.

    Секојдневно, додаде, се трудела да даде сѐ од себе за да се обезбеди непречено одвивање на работата во оваа сала.

    – Ако некому сум оставила поинаков впечаток, го уверувам дека тоа не ми била намерата. Ако сум згрешила, несакајќи, се извинувам. Кон сите го имам убавото чувство на почит што сите ми ја упатувате. Ви благодарам на сите – посочи таа.

    59-годишната Линдита Никола е позната универзитетска професорка. Пред да биде избрана за парламентарец, таа беше министерка за образование.

    Исто така, албанскиот Парламент, доцна синоќа, со 106 гласови „за” ја изгласа новата изборна реформа.

    „За“ гласаа пратениците од владејачкото мнозинство и опозициските демократи на Сали Бериша, додека демократите на Љуљзим Баша беа за целосно отворени листи, обвинувајќи за таен договор меѓу СП и ДП, нарекувајќи го „атентат врз демократијата”, со кој му е обезбеден четвртиот мандат на Еди Рама.

    Со новиот закон, на парламентарните избори следната година, од 140 пратеници, колку што брои законодавниот дом, една третина ќе се избираат со отворени листи, останатите според мнозински систем.

    Изгласан беше и амандманот со кој 30%, или секој трет кандидат на листите, да бидат жени, што експресно го поздрави мисијата на ОБСЕ во Тирана, оценувајќи го како напредок во родовата рамноправност во земјата.

    Исто така, со законот за првпат се обезбедува гласање на албанската дијаспора, која ова право ќе го оствари преку пошта откако претходно ќе се пријави за тоа.

    И покрај сѐ погласните барања на сите нивоа, малцинствата не успеаја да се изборат за гарантирани места за нив, по примерот на Хрватска, Косово и по примерот на други европски земји.

    Презентирајќи го барањето, тие порачаа дека тоа е можност Албанија да ја покаже својата посветеност на демократските вредности и почитувањето на различностите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img