На 04.01.2023 во 13.00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Р.М.(20) од село Баница, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од тешки кражби и кражби извршени на подрачјето на СВР Струмица. Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.