Претрес во Скопје, пронајдена пушка и куршуми, приведено едно лице

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 09.02.2023 во 18.20 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје е лишен од слобода М.Ј.(62) од Скопје.
При претрес во неговиот дом, по претходно издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, пронајдени се ловечка пушка карабин и пет куршуми.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по чл.396 од Кривичниот законик.

Share This Article