На 13.03.2023 во 07.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода Г.Д.(42) од Прилеп.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „Екол“ 9 мм. По преземени мерки и активности било утврдено дека тој за време на празникот Коледе го нарушил јавниот ред и мир, пукајќи со пиштолот.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок.