Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 28.06.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Н.И.(62) од Битола.

Имено, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, полициските службеници извршиле претрес во дом и простории кои ги користи Н.И., при што биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана, дигитална вага, предмети со остатоци од марихуана и други предмети во врска со кривичното дело.
Н.И. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share This Article