Партијата „Преродба“ во Бугарија која ќе се трка на претстојните парламентарни избори се залага за анектирање на Македонија. Партијата „Възраждане“ истовремено важи и за антиромска партија, а нејзиниот лидер Костадин Костадинов се пофалил дека илегално оставил бугарско знаме на тромеѓето на „двете бугарски држави и Грција“.
„Македонија е втората бугарска држава на Балканскиот Полуостров и Преродба работи на обединување на двете бугарски државни формации во една заедничка држава. Патот до ова обединување е целосна економска, културна и политичка интеграција, што ќе доведе до обновување на нарушеното единство на бугарската нација и ќе ја направи Бугарија најголема и најсилна земја во Југоисточна Европа“, пишува во програмата на „Преродба“.